Соопштение за јавност
Додека граѓаните плаќаат поскапа храна и гориво, Владата краде на тендери, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека во услови кога се е поскапено, горивата се над 100 денари и цените на прехранбените производи се високи, Владата не презема суштински мерки за да им помогне на граѓаните, туку е фокусирана на партиски тендери и трошење на народни пари.
„Цените по маркетите се ужасни. Ние имаме поскапи цени од Германија – на прехрамбени продукти, на пијалоци, на се. И никој од оваа криминална арамиска влада за тоа не е заинтересиран, заинтересирани се само за партиските тендери од кои што крадат народни пари.“, рече Филипче.
Како конкретен пример за начинот на кој се трошат народните пари, Филипче го посочи договорот за концертот со Дејвид Гета, за кој Владата прво тврдеше дека не е потрошен ниту еден денар, а потоа призна дека станува збор за 5 милиони евра.
„Видовме со што се занимаваат, видовме за што се заинтересирани само за арамиски проекти, како овој со Дејвид Гета, кој што не може никако да го објаснат, поради тоа што, очигледно, сега и на малите деца, им е јасно дека станува збор за коруптивен проект на оваа арамиска влада, предводена од главниот шеф Христијан Мицкоски. И при премиерот излезе и ја лажеше целокупната македонска јавност дека не е потрошен ниту еден денар народни пари, за да веќе следниот ден од кога го соочивме со документи, мора да признае дека се потрошени ни помалку, ни повеќе 5 милиони евра. На каков начин, се уште не знаеме, треба обвинителството тоа да го утврди, финансова полиција, исто така да се активира, да го следи текот на парите каков бил, затоа што очигледно е дека станува збор за една голема проневера“, рече Филипче.
Претседателот на СДСМ порача дека во услови кога граѓаните се соочуваат со енормно високи цени и трошоци, кога платите не растат, овие 5 милиони евра можеше да бидат искористени за директна поддршка на семејствата, земјоделците, наставниците, лекарите и социјалните случаи, наместо да бидат потрошени на нетранспарентен начин.
„И наместо тие пари да се пренасочат за поддршка на семејствата, за поддршка на семејствата во период на почеток на школската година, за поддршка на земјоделците, за поддршка на наставниците, лекарите, социјалните случаи, едноставно, потрошени на нетранспарентен начин, за што ќе се соочат со одговорност. Ќе се соочат со одговорност , и ќе дојде тоа време, мора сите да знаат.“, рече Филипче.
Линк до видео:

