Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес- конференција посочи дека во рамки на Предлог- Законот за финансиска поддршка за намалување на последиците од економската криза врз производството и откупот на земјоделските производи, се опфатени и сточарите, за кои е предвидена финансиска поддршка 8.000 денари за грло добиток. Филипче појасни право на поддршка ќе имаат оние кои биле опфатени со програмата за 2025 година и се евидентирани и за 2026 година.
„За сточарите поддршка по 8.000 денари за грло добиток. Оваа важи за сточарите коишто се влезени во програмата за 2025-та година и коишто се евидентирани и за 2026 година“, рече Филипче.
Тој нагласи дека предложената помош е дел од конкретните мерки кои СДСМ ги предлага за земјоделците, во услови кога со соочуваат со проблеми со откуп, цени, и високи производствените трошоци.
„Ова е конкретна, директна и навремена.Оваа помош ќе биде дополнителна на редовните директни плаќања и на останатите мерки за 2026 година, а треба да биде исплатена од Платежната агенција најдоцна до 31 декември“, рече Филипче.
Претседателот на СДСМ, апелираше до пратениците да го поддржат овој предлог закон, кој покрај за сточарите предвидува и мерки за земјоделците производители на грозје, црвена пиперка ајварка пченица, ориз.
!Зошто е ова важно, поради тоа што со овие пари практично а земјоделците ќе ги планираат следните чекори за следната сезона, односно за 2027 година. Ова е тоа што е сега потребно, не распродавање на македонската земја и вода за туѓи интереси и за туѓи профити. Македонската земја треба да ја обработуваат македонските земјоделци. Водата треба да се користи прво за пристоен живот, понатаму да се наводнува земјиштето. Апелирам до пратениците на власта овој пат да ги поддржат овие мерки и да го поддржат овој предлог закон“, рече Филипче.
Линк до видео:
