Филипче: Мицкоски беше против рудникот во Иловица, сега е прв за — тоа е лицемерие

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Кога беше во опозиција Мицкоски беше против рудникот во Иловица, сега е прв за – тоа е неговото лицемерие, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во денешата изјава за медиуми. Филипче потенцираше дека на Мицкоски и неговата Влада им се важни само биснис интересите а не реалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните поради лоштите политики на власта.

Тој посочи дека власта не ги слуша предупредувањата и апелите кога станува збор за интересите и безбедноста на граѓаните.

„Тие се загрижени само за своите интереси, за личните интереси, за бизнис интересите, за дата центрите, за рудниците. Не ги слушаат нашите апели дека дата центрите се лоши, дека водата ќе им биде одземена на земјоделците, дека со рудниците се ослободуваат потенцијално токсични материи во земјата, во водата. Антимонот е еден од нив. Плус производите од рудникот во Иловица“, рече Филипче.

Филипче додаде дека Мицкоски го покажа своето лицемерие токму за најавите за изградба на рудникот во Иловица.

„Тука се гледа лицемерието на премиерот. Додека беше во опозиција се бореше против рудникот во Иловица. Сега е прв за. Така што, освен тоа дека е еден голем лажго, друго ништо не може да се заклучи. Тоа го видовме и во овој период до сега, исто ќе биде и понатаму“, рече Филипче.

Во изјавата за медиуми, Филипче посочи дека граѓаните на свој грб ги чувствуваат лошите политики на Владата, стандардот паѓа, цените растат, државата се држи во изолација, а сè поголем број луѓе размислуваат да ја напуштат државата.

„Никој не сака да живее во ваква земја, изолирана, во која што се чека на граници повеќе од 10 часа, во која што вака тоне стандардот, во која што нема пари да се преживее месецот. Вака ќе чекаме сите да ја напуштат земјава.Не му проаѓаат повеќе лагите на премиерот. Изгради ѕид околу земјата“, рече Филипче.

Линк до видео: