Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на прес-конференција во Собранието, заедно со пратеничката група на СДСМ, предупреди дека Македонија ја нема меѓу земјите со јасен патоказ кон Европската Унија и го повика Мицкоски да не си игра со иднината на државата.
Во пресрет на посетата на Фон дер Лајен, тој ја нагласи сериозноста на моментот и одговорноста на Христијан Мицкоски.
„До 2030 година, отворена е вратата во Европа, земји членки ќе станат Албанија, Црна Гора, Украина и Молдавија. Нас нè нема. Не знам дали сте свесни каква тежина политичка има овој момент во којшто после 30 и кусур години ние сме во ќор-сокак за Европа. По желба лична на Христијан Мицкоски. Дали сте свесни дека има јасен, чист патоказ за четири земји и нас таму нè нема“, рече Филипче.
Мицкоски продолжува да се повикува на заштитата на името, јазикот, културата и идентитетот, иако тие се зачувани во меѓународниот договор.
„Притоа, Христијан Мицкоски сè уште глуми патриот, ќе го бранел името, јазикот, културата, идентитетот, па сè е зачувано во меѓународниот договор. Они тоа го признаваат. Будалатштини зборува. Исланд не сакал во Европската Унија, па Исланд е дел од заедничкиот пазар. Па може ли таков идиот да е човекот комплетен? Да нè изолира целосно? Па дали мисли дека сме наивни? Дали мисли дека луѓето се наивни? Што сака да постигне?“, рече Филипче.
Тој предупреди дека продолжувањето на патот на изолација ќе значи сиромаштија и иселување на младите, нагласувајќи дека треба да се зборува за иднината на државата.
„Јас историјата би ја оставил на историчарите. Јас сакам да зборуваме за иднината. Нека историчарите зборуваат за тоа што било, како било“, рече Филипче.
Во пресрет на посетата на Фон дер Лајен, Филипче упати директна порака до Мицкоски да размисли за последиците од своите одлуки.
„А на Христијан сакам да му порачам, нека размисли добро. Ако треба вечер, нека не спие. Што ќе ѝ каже утре на Фон дер Лајен? Да не се игра со иднината на земјата, затоа што може да му судат следните генерации“, порача Филипче.
Линк до видео:

