Филипче: Дали причините на Петровска се поради хеликоптерите, да не излезе дека Гета може вода да ѝ носи?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, нагласи дека јавноста треба да знае дали зад мотивите на пратеничката Славјанка Петровска за критика на раководството на СДСМ, се кријат други причини, и дали нејзиното однесување има поврзаност случајот со набавката на хеликоптерите.

„За пратеничката Славјанка Петровска, се прашувам што е причина за ова. Да не е изјавата на Мисајловски дека потпишала за 37 милиони евра поскап договор за хеликоптери, од кога Комисијата донела друга одлука? Да не излезе дека Дејвид Гета може вода да и носи. И сега тие луѓе кажуваат што и како требало“, рече Филипче.

Филипче порача дека наместо денес да даваат совети како треба да се води партијата, ова мала група поранешни функционери треба да одговорат и за своето делување во времето кога биле дел од раководството на СДСМ.

„Игор Ивановски и таа група која што беа дел од раководството на партијата, сега покажуваат други ставови. Луѓето кои што очигледно молчеле, кога Бујар Османи го образложувал Францускиот предлог. Андреј Петров бил член на Извршниот одбор на партијата, што не кажал нешто тогаш за Европа? Андреј Петров, кој што е потписник на петиција за човек од црна листа да излегува од притвор. Игор Ивановски, кој што беше член на кој знае колку управни одбори, 10 -тина илјади евра имаше месечен приход и телефон на никој не дигаше, сега ќе кажува што требало да се прави со партијата. Па ја погребаа партијата, за малку ќе ја погребеа партијата. На издишување беше. “, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ Филипче потенцираше дека оние кои ја оставија партијата во тешка состојба денес не можат да се појавуваат како авторитети и да делат лекции како треба да се води СДСМ. Тој посочи дека актуелното раководство две години работи на консолидација на партијата и, за разлика од нив, се бори против власта и ги разобличува нејзините најголеми скандали.

„Ние сите во изминативе две години тешко работиме, се консолидираме и тие сега ќе кажуваат како треба. Кога ќе кажуваат? Кога ги вадиме најголемите скандали на власта. Па кој е наивен? Ке ми носеле план? Каков план ќе носеле? Таков каков што го прави они, ич не треба да го носат, видовме што направиј. Или некој друг? Ако знаат поинаку, што не направија направија поинаков.Ако сакаат да се вклучат, сега еве имаме избори во Брвеница. Ќе ги ставиме во распоредот па нека помагнат, ако сакаат вистински да помогнат на партијата. Ако не, нека ми се тргнат од патот, затоа што ќе ги згазам како шлепер жаба “, рече Филипче.

Линк до видео: