Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на прес-конференција во Собранието, упати порака до членовите на Платофрмата ЗНАМ 2.0 или да помогнат, да се вклучат во партиските активности или да се тргнат од патот.
„Па ја погребаа партијата за малку. На издишување беше. Па ние сите во изминативе две години тешко работиме, консолидираме и они сега ќе кажуваат како треба. Кога ќе кажуваат? Кога ги вадиме најголемите скандали на власта. Па кој е наивен? А ако сакаат да се вклучат, сега ги имаме изборите во Брвеница. Ќе ги ставиме во распоредот, па нека помогнат, ако сакаат вистински да ѝ помогнат на партијата. Ако не, нека ми се тргнат од патот, затоа што ќе ги изгазам како шлепер жаба, да ги потсетам нешто од нивното време“, рече Филипче.
Во обраќањето, Филипче нагласи дека својата работа во партијата ја извршува со истата посветеност и сериозност со која работел и како лекар и како министер за здравство.
„Имаат работа со Венко Филипче, којшто сè што работи, работи професионално, посветено, многу сериозно, како што го работиме овде, и најдобро што можам. Исто како што сум работел и на Клиниката за неврохирургија и во Министерството за здравство, така и тука, и да знаете дека ќе победиме. Ќе победи нашата политика, затоа што сме на исправната страна“, порача Филипче.
Линк до видео:

