Филипче: Се покажаа точни нашите укажувања за српското, унгарското влијание и кинеските пари

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостување во „Тема на денот“ на Сител, потенцираше дека се потврдија предупредувањата на СДСМ изминатите две години за српското и унгарското влијание во земјата, како и за унгарскиот кредит преку кој влегуваат кинески пари.

„Се покажа колку точни беа нашите укажувања уште пред две години. Ние бевме први кои укажуваа за српското влијание тука. Ние бевме први кои укажавме за унгарското влијание и за унгарскиот кредит, преку кој влегуваат кинески пари. Ние бевме први кои кажаа дека ова не е добар кредит, дека може на друг начин да земеме многу помала сума на пари. Каде се сега тие пари? Ги нема. Милијарда евра се потрошени и ќе ги враќаат следните генерации, а Унгарија отвори и истрага. Цела Европа знае дека Унгарија го истражува тој кредит“, посочи Филипче.

Говорејќи за српското влијание, Филипче се осврна и на односот на власта кон политичките теми поврзани со Србија.

„Имаме доскорешен вицепремиер, сега министер за локална самоуправа, кој го величи Ратко Младиќ, воен злосторник. Цела Европа реагира. Две години наназад укажуваме дека оваа Влада е антиевропска. Дека работи спротивно. Не само на нашите интереси, туку и на интересите на Европската Унија, затоа што проширувањето е едно од приоритетите“, порача Филипче.

Филипче посочи и на влијанието на медиумите.

„Зарем мислите дека Урсула фон дер Лајен не знае дека премиерот тука ги контролира медиумите? Над 40% унгарски медиуми, сопственици, пријатели на Виктор Орбан? Вие мислите дека Фон дер Лајен не знае дека противзаконски, регистрирани српски медиуми, тука имаат дозвола за работа“, рече Филипче.