Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостување во „Тема на денот“ на Сител, во пресрет на утрешната посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, говореше за европскиот пат на државата, блокираниот европски пат како и за српското и унгарското влијание во земјата со кинески пари.
„Кој е тука за Европа, а кој не е за Европа? Кој работи за доброто на државата, а кој работи против државата? Што ние дополнително да ѝ кажеме на Фон дер Лајен, од она што секојдневно го зборуваме? При тоа се покажа колку точни беа нашите укажувања уште пред две години. Ние бевме први кои укажуваа за српското влијание тука. Ние бевме први кои укажавме за унгарското влијание и за унгарскиот кредит, преку кој влегуваат кинески пари. Две години наназад укажуваме дека оваа Влада е антиевропска. Дека работи спротивно. Не само на нашите интереси, туку и на интересите на Европската Унија, затоа што проширувањето е едно од приоритетите. Зарем мислите дека Фон дер Лајен не знае дека премиерот тука ги контролира медиумите? Над 40 проценти унгарски медиуми, сопственици, пријатели на Виктор Орбан? Вие мислите дека Фон дер Лајен не знае дека противзаконски, дека се регистрирани српски медиуми, тука имаат дозвола за работа“, рече Филипче.


