Соопштение за јавност
ВМРО велат: нека пријави. Пријавуваме. Постојано. Со месеци. До ДКСК. До обвинителството.
Го пријавивме и Мицкоски – обвинителот ја отфрли пријавата.
Пријавивме и за тоа што ги тепаат активистите кои држеа транспарент.
Докази за криминал, корупција и спреги на власта. Пет тони дрога преку граница, без одговор. Одговор нема, бидејќи обвинителот е на телефон.
А што се однесува до вашиот Спутник – документацијата е кај вас. Сè тоа го имате.
Кога ќе го проверите тоа, проверете го и оној тендер за железницата, 1,6 милиони за Ќуркчиев. И оној аванс за Платформа 2.0.
Ги имате и Гета и Лотарија: нула денари, а се испостави дека станува збор за 5,53 милиони евра народни пари.
Ги имате антимонот и трговецот со оружје кој плаќа 1,56 милиони долари за лобирање за владата.
Ги имате дата-центрите и компаниите кои со месеци најавуваат проект и вода од Вардар.
Го имате тендерот за таткото, па се испостави дека таткото не е татко.
Ги имате и Орбановите автобуси. На списокот му нема крај.
Разликата во цената за хеликоптерите е во Министерството за одбрана. Македонија има чест да е членка на НАТО, благодарение на владата на СДСМ.
А вие, за жал, поради лагите, денес го водите министерството, па сега се е на вашата адреса.Таму имате министер. Имате обвинител, имате полиција.
Не мора Тошковски да се занимава само со хиперхлорирање.
Само проверете дали ви одговара тоа поради Платформата, оние 17 потписници што работат за Мицкоски.
Можеби на Мицкоски му се потребни избори, бидејќи нема одговор на Фон дер Лајен. Сепак, претходната влада ги зачува националниот идентитет, јазикот и културата.
Укажавме на секакви работи. Сега видете што ќе правите со луѓето од платформата, кои заедно со проруската Левица бараат реформи кај нас. Истата екипа, преку вашиот далечински управувач.
СДСМ ги именува и своите. Законот мора да важи за сите. Вие ги штитите.
Нема селективност. Постои архива на докази која се наоѓа во институциите што не смеат да мрднат без повик од кабинетот на арамијата.
Кога ќе се анализираат без телефонски повик, прво ќе стигнете до криминалот и корупцијата.
Потоа до Спутникот. А на крајот и до арамијата.
Го чекаме вашиот одговор. Вие сте на власт.
