Соопштение за јавност
Арамијата денеска седнува на извештај што сам не би го нарачал. „Македонија: излез од стапицата на среден доход“.
Светска банка не му честита. Му вели дека земјата со години стои во истата категорија.
БДП по жител е околу една третина од просекот на Европската Унија. Не трета економија. Третина од стандардот.
Новите работни места се во ниска продуктивност и ниска плата. Дијаспората е над половина милион.
Што ќе црта сега? Бајката „трети во Европа“, пропадна. Најбрз раст, падна. Пензии 16 пати повеке, падна.
Фон дер Лајен му ја зеде лагата за идентитетот. Македонскиот јазик и културата се заштитени. Преспанскиот договор го нарече самиот ремек-дело. Сиљановска потврди дека идентитетот е заштитен. Тоа го зачува претходната влада.
Не тој.
Нема сега каде да бега. Веќе призна дека во буџетот фали милијарда евра. Потпиша нови 1,3 милијарди евра за нови долгови. За две години ги задолжи граѓаните за 4 милијарди евра. Повеќе од половина од долгот од независноста.
Сега му треба алиби за избори. Не реформи. Излез.
Затоа дефокус. Руска партија на далечински. Платформа за 1,6 милиони. Гета замина со 5,53 милиони народни. Нема друга бина. Мора да се обвини претходната влада.
Народот не вели за џабе: лагите имаат кратки нозе. И кој лаже, тој и краде.
Затоа бега од ЕУ. Затоа што бега од европско обвинителство и од Лаура Ковеши.
Затоа се кара со Бугарија пред да се седне на разговор.
Арамијата разговара. Не преговара. Изолацијата му одговара. Таа му носи слобода и луксуз.
А авионот? Останаа ли пари во буџетот, или и тој ќе се црта на табла, да ни објасни како го болат колената од клечење.
Нема бегање. Таблата е празна. Касата е празна.
Време е арамијата да им положи сметка на граѓаните – за нивните пари и нивните интереси.




