Соопштение за јавност
Тема за СДСМ се растот на платите на работниците а не дефокус со кратење на празници.
Одговор на економските проблеми на граѓаните кои едвај врзвуваат крај со крај е минималната плата да се покачи на 600 евра, да се покачат сите плати и пензии.
Работниците заслужуваат повисоки плати и достоинствени услови за работа. Арамиската власт на Мицкоски тоа не може да го обезбеди затоа што се грижат само колку да приграбат од граѓаните преку тендери.
На граѓаните им требаат повисоки приходи и подобар животен стандард.
Тоа е суштината.
Поголема продуктивност се постигнува со инвестиции, подобра организација и мотивирани, соодветно платени работници.
Сведувањето на економската дебата на бројот на неработни денови во услови кога луѓето едвај врзвуваат крај со крај, кошничката е 90 илјади денари а платите најниски во Европа ја избегнува сутшината за овие прашања.



