Соопштение за јавност
По петти пат. ВМРО-ОКГ пак ја вклучи матрицата и Латас.
Нема документи, нема демант, има прашање кој кога дознал.
Филипче го цитираше вашиот министер, Владо Мисајловски. Повеќе пати министерот го кажа тоа.
Темата е набавка на хеликоптери Леонардо и цена поголема за 37 милиони евра. Скандал поврзан и со Славјанка Петровска, од Платформата, ЗНАМ 2.0, проект на Мицкоски.
Тоа не го измисли опозицијата. Тоа го кажа министерот за одбрана на оваа власт.
Одбраната е ваш ресор веќе две и пол години. Кабинетот е ваш. Обвинителот е на ваш повик.
Ако има 37 милиони, не ги барајте кај опозицијата. Барајте ги кај оној што го држи ресорот и кај оној што го чува предметот.
Член 364 не се чита од партиска говорница од која премиерот го повикува обвинителството.
Се чита во обвинителство што не чека нарачка по телефон.
СДСМ не бега од проверка. Бегате вие од сопствениот министер. Наводите се од вас. Власта е ваша. Одговорот нека биде ваш.



