Соопштение за јавност
ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ денеска не обезбедија кворум за работа на Собранието, поради што собраниската седница беше прекината.
Од речиси 80 пратеници на владејачкото мнозинство, не можат да обезбедат ниту кворум.
Што прават пратениците на власта и за што ги плаќаат граѓаните?
Одбиваат Закон за минимална плата од 600 евра, одбиваат Закон за поддршка на земјоделците, одбиваат се што е во интерес на граѓаните.
Нема пaри за народот има само за криминални тендери.
Затоа пратениците на СДСМ и коалицијата не влегоа во салата во знак на протест поради тоа што ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ денеска го одбија предлог-законот за финансиска поддршка на земјоделците.
Власта ја одби конкретната помош за земјоделците, а потоа не успеа да обезбеди ни услови за продолжување на седницата.
Обезбедувањето кворум е одговорност на владејачкото мнозинство. Граѓаните ги плаќаат пратениците да работат, да носат закони и да решаваат проблеми кои им тежат на граѓаните.
Уште еднаш се потврдува дека пратениците од власта служат само на партиските и бизнис интереси на арамијата Мицкоски и на ВМРО-ОКГ.



