Соопштение за јавност
Трошоците за земјоделско производство пораснаа за 8,8 проценти. Цените на производите за 2,3 проценци.
Земјоделецот плаќа повеќе, добива помалку. Тоа е сметката што ја прави арамијата Мицкоски и организираната криминална група ВМРО.
Дизелот поскапе затоа што владата не ги воведе мерките што СДСМ ги предложи на почетокот на кризата. Ѓубривото поскапе. Нема субвенции. Нема откупни цени. ИПАРД стои – директрот од ВМРО беше уапсен, пари нема. Земјоделците едвај крпат крај со крај. На работ се.
Наместо земјоделците да го хранат регионот, тие нема да можат ни да произведуваат за Македонија. Наместо да ги завршеше реформите и да земаме грантови од ЕУ, наместо досега да го отворевме европскиот пазар за да можат земјоделците да извезуваат – овде ги фрлаат производите затоа што никој не сака ни да ги продаде за џабе.
Арамијата, “институција”, со часовници од 60.000 евра, костуми од 10.000 евра и концерт од 5,53 милиони евра глуми елита додека народот гладува, а земјоделецот не може да врзе крај со крај.
Арамијата Мицкоски црта на табла бајки за трета економија и илјада евра плата. Министерката зборува за стабилност со 4 милијарди евра нов долг. Земјоделецот гледа сметка за гориво, за ѓубриво и за откуп што го нема.
Нема пари, нема помош. Нема мерки. Нема глас во собранието кога СДСМ бараше поддршка за земјоделците преку закон. Целата влада не гласаше.
Ова не е земјоделска политика туку напуштање. Земјоделецот што ја храни државата Мицкоски го остави сам.
Додека бандата има за тендери, за Гета и за задолжување од 4 милијарди, земјоделецот нема за сеидба.
СДСМ бара откуп. Бара субвенции. Бара мерки за гориво. Бара ИПАРД што работи. Бара Европа што носи фондови, не изолација.
Додека арамијата зборува бајки, земјоделците ја плаќаат сметката.




