Прес-конференција на СДСМ – Јовица Радески, кандидат за градоначалник на Општина Брвеница
Сакам јавно да се заблагодарам на секој сограѓанин на Брвеница кој ми ја даде својата поддршка и доверба со својот глас за мене, за програмата и за СДСМ на изборите.
Благодарност и до сите граѓаните кои излегоа на изборите, без разлика за кого одлучиле да го дадат својот глас.
Резулатот од изборите покажува дека на власта и се намалува поддршката а се зголемува поддршката на опозицијата и тоа е тренд.
Во споредба со минатите избори за градоначалник ВМРО има пад од над 13 проценти а СДСМ има раст од 46 проценти.
Кога ќе се додадат гласовите на ЗНАМ и Левица што отидоа кај ВМРО во Брвеница, околу 400, падот на ВМРО е над 800 гласа.
Секако не може да се биде задоволен со резултатот, но секако задоволни сме што граѓаните ја препознаваат нашата борба.
Довербата расте, се зголемува и таа ќе продолжи да расте.
ЗНАМ и Левица гласаа за ВМРО, а луѓето од Платформата ЗНАМ 2.0 работеа против мене и против СДСМ.
Не помогнаа, туку одмогнаа. Дури одредени луѓе токму од оваа Платформа повикуваа и да не се излезе на гласање и да не се гласа.
Другари, требаше да дојдете и да помогнете.
А не сега да кажувате за Брвеница.
Размислете каква штета правите. Или молчете или помогнете, доста одмагате.
Црна дамка на изборите фрли објавувањето на резултатите од гласањето на болните и изнемоштените, уште пред да се отворат кутиите.
Очекувам и барам истрага за точно да се види кој ги отворил кутиите, кој ги броел и кој го пратил бројот да се објави јавно, пред да стигне до комисијата.
Изборите во Брвеница уште еднаш покажа дека СДСМ е единствената вистинска опозиција во Македонија. Но не сме сами. Со нас се граѓаните.
Заедно, со верба, истрајност и посветеност, јас, ние од СДСМ продолжуваме да се бориме!
Брвеница ми е во срцето и јас ќе продолжам заедно со вас да се борам за нашата општина во, за секое населено место, за секој човек.
Линк до видео:



