Соопштение за јавност
Бугарскиот министер Демерџиев рече дека Софија ниту ќе ја бара ниту ќе ја предаде Ива Михаилова на „српските власти“.
Амбасадорот Радуков рече дека би бил изненаден ако македонските власти не знаеле за нејзиното заминување. Арамијата Мицкоски вели: имам што да одговорам, но не заслужуваат внимание. Молчи.
Изјавата на Демерџиев е за осуда и СДСМ ја осудува оваа провокација.
Ама Мицкоски не смее да одговори. Заради Вучиќ, својот ментор.
Заради неговите медијумски експерти, неговите медиуми, заедно со Орбановите, што му ја водат кампањата.
Заради Адамовиќ и Лазаревиќ – увоз на струја и броила.
Заради Алта банка што презеде две банки во Македонија и осигурителна куќа. Банка што врши трансфери за Москва. Банка под истрага за сомнително потекло на капитал. Банка забранета во Црна Гора. Банка на која Европската централна банка ѝ забрани преземање акции од Австријска банка.
Не смее заради 5 тони дрога што завршија кај сестринската СНС.
Заради Живаљевиќ и БИА, 27 април, нивните новинари во медиумите, нивните соработници во здруженијата и партиите, соработниците на БИА во владата. Заради досегашниот свој заменик, заради министерот што организира собири за поддршка на Вучиќ во Куманово и што дели српски пасоши за гласање во Србија.
Заради началникот Драган Павловић – Латас, уредник на медиумите. Заради работите што ги води со Вучиќ.
Затоа арамијата не може да одговори на Бугарија. Затоа што би ја отворил Пандорината кутија.
Тогаш на граѓаните на Македонија ќе им биде јасно дека овој руски прокси играч, покрај своите лични интереси, ги застапува интересите на приватни компании за оружје и рудници, на дата-центри и на интересите на Вучиќ и на неговата сестринска СНС.
ВМРО е инструмент, Мицкоски е изведувачот, а Вучиќ е диригентот.
Тоа негово молчење е само едно јавно признание. Народот гледа и слуша.
Наскоро власта ќе се врати во рацете на граѓаните. Вистината ќе излезе на виделина. Правдата ќе биде задоволена, а организираната криминална група ќе одговара.



