Филипче: Мицкоски нема да добие алиби од нас, избори ќе има кога ќе снема пари за партиски тендери

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју на Алсат Тв, порача дека Мицкоски нема да добие алиби за избори од СДСМ, избори ќе има кога ќе снема пари за партиски тендери. Филипче нагласи дека СДСМ не се плаши од избори, но нема да дозволи премиерот да ја префрла одговорноста врз опозицијата, наместо да се соочи со несиполнетите ветувања и со проблемите на граѓаните.

„Не треба да бара алиби премиерот во нас. Граѓаните, а и ние го повикуваме, да го исполни тоа што го ветуваше. Што ветуваше тој? Подобар стандард. Подобар живот. Ветуваше подобри преговарачки позиции со Европската Унија.Еден дел од граѓаните чека да го врати старото име.Тоа ветуваше Христијан Мицкоски и Гордана Силјановска, дека ќе го заштителе името Република Македонија со уставна клаузула. Премиерот кажа преспанскиот договор не е завршен. Зашто не го поништи? Ете тоа чека дел од граѓаните. Знаете ли колку од неговите ветувања, во таа негова книга една огромна од не знам колку стотини страни, 1198, лажни ветувања, човекот исполни – ниту 3%. И сега некој му треба да му даде алиби за избори. Зошто му е алиби?Тоа е само една игра“, рече Филипче.

Тој додаде дека СДСМ нема да биде алиби за неуспешните политики на власта, додавајќи дека изборите не се прашање на предизвик на премиер, некој да го предизвика од страна.

„Избори не е прашање на тоа дали некој на премиерот ќе му каже нешто или нема да му каже, или ќе го предизвика. Избори не се прашање на предизвик на премиер, некој да го предизвика од страна. Еве, ние рековме да не се менува техничката влада и Законот за техничка влада така на сила. Зошто тогаш не не послуша? Зошто не го послуша нашиот апел да го поддржи Законот за зголемување на минималната плата?Побаравме да не се носат против уставни недемократски резолуции во Собранието, што од прифати премиерот.Ништо, тој си тера по негово. Еве зошто не му го даваме алиби, затоа што, станува збор за политичка одговорност. Затоа што утре премиерот ќе каже, еве, побараа избори, затоа јас не можам да го завршам тоа што го ветив. Не, нека го заврши тоа што го вети“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ порача дека СДСМ е подготвен за избори во секој момент, но дека нема да учествува во политичките игри на Мицкоски.

„Ние не се плашиме избори . Така што ние сме подготвени во било кој момент да настапиме на избори. И покрај тоа што премиерот сака со различни позадински игранки да не фрагментира, да не дели. Како што сега се обидува што му е последен крик после неговиот стрмоглав пад да проба да ја подели СДСМ. Нема да му успее. Ниту пак ќе нè натера да му бидеме алиби“, рече Филипче.

Притоа Филипче нагласи дека избори ќе има тогаш кога власта ќе снема пари за криминални партиски тендери.

„Знаеме дека избори ќе има тогаш кога ќе снема пари за него и за неговата група на луѓе. Не за државата, не за граѓаните. Избори ќе има кога ќе снема пари за партиските тендери, а пари сè повеќе нема. Сега ќе се задолжат уште 1,3 милијарди евра, ќе порасне вкупниот долг од 8 на 12 милијарди евра, 4 милијарди евра, 50% повеќе за нецели 3 години, што ќе ги враќат идните генерации“, рече Филипче.