Соопштение за јавност
Граѓаните сè уште чекаат Мицкоски да ги исполни своите ветувања за подобар стандард, подобар живот и подобри преговарачки позиции со Европската Унија, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Алсат телевизија.
„Граѓаните, а и ние го повикуваме, да го исполни тоа што го ветуваше. Што ветуваше тој? Подобар стандард. Подобар живот. Ветуваше подобри преговарачки позиции со Европската Унија. Тоа ветуваше. Еден дел од граѓаните чека да го врати старото име“, истакна Филипче.
Тој потсети и на ветувањата на Мицкоски за поништување на Преспанскиот договор доколку тоа го ветувале.
„Тоа го ветуваа Христијан Мицкоски и Гордана Силјановска, дека ќе го заштителе името Македонија со уставна клаузула. Па, примерот кажа дека Преспанскиот договор не е завршена работа. Зошто не го поништи? Ете, тоа го чека делот од граѓаните. Знаете ли колку од неговите ветувања, таа негова книга, една огромна, од не знам колку стотини страници, 1.198 лажни ветувања, човекот исполни? Ни 3% од тоа“, рече Филипче.
Претседателот Филипче ја потенцираше катастрофалната економска политика во земјата.
„Луѓето не можат да врзат крај со крај, не можат да живеат од лошите економски политики на Христијан Мицкоски. Не може месецот да го поминат. Празни се паричниците, празни се фрижидерите. Луѓето гладуваат. Ако не чека нас, тогаш прво нека нè послуша, нека ја зголеми минималната плата. Ние за тоа се бориме“, рече Филипче.

