Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски е во паника.
Преку Зоран Трајчевски и АВМУ се обидува да ја забрани денешната прес конференција на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, да не се емитува на медиумите.
Забрануваат пренос во медиумите, се закануваат со казни повикувајќи се на изборниот молк, иако СДСМ не учествува на изборите во Брвеница и не поддржа никого во вториот круг.
Истите методи како на Вучиќ во Србија, обиди за цензура.
Нема да не замолчат. Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче ќе ја одржи забранетата прес конференција, денеска во 13:30 часот во СДСМ.
