Славески вели не знаел чија е Алта банка — како тогаш и дал дозвола, по налог на Мицкоски?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар

Гувернерот Трајко Славески вчера изјави дека не знаел чија сопственост е Алта банка Белград, дека не знае колкав процент е сопствеништвото и тоа не го интересирало.

Kако тогаш дал дозвола за влез на банката во Македонија?

По налог на Мицкоски? Заради бизнис интересите и перењето пари со Вучиќ?

Тоа е истиот Славевски кој пред некој ден рече дека е се во ред со Алта банка во Македонија а граѓаните не можат да дојдат до своите пари.

Експозитурите не работат, на банкомати се чека со часови, додека пак компаниите слободно префрлаат пари.

Ова е изјава на Славевски во истиот ден кога во Србија е објавено дека е уапсен сопственикот на банката, Давор Мацура и кога е објавено дека извадил од трзорот на банката 400 милиони евра во кеш.

За многумина денес ова е незамисливо, но наскоро ќе бидат шокирани од деталите што се врзани за ВМРО и за Мицкоски и за криминалните релации со нивната СНС и Вучиќ.

Зошто гувернерот крие колку пари Вучиќ префрлил во Македонија?

Дали останаа тука или продолжија понатаму кон Москва? Сега, кога контролата е преземена од Народна банка, не можат да кажат дека не знаат.

Зошто се кријат податоците и дали Мицкоски и останатите членови на мафијата имаат свои сметки во Алта банка?

Во меѓувреме, народот во Македонија не можете да си ги земе своите пари.

Мерките што ги воведе Славески се направени за оваа криминална група да ги заврши своите непречени префрлувања на пари.

Додека граѓаните не можат да дојдат до своите пари.

Пари за живот, за основни потреби, за храна и лекови.

Ова е заштита на капиталот на криминалците, на сметка на штедачите чии депозити и сметки се заробени. Ако се сакаше да се заштитат граѓаните, ќе им се дозволеше да си ги подигнат своите пари непречено, без лимити.

Не се направи тоа.

Наместо тоа, се штитат парите на мафијата.

Одењето на Мицкоски во Германија во овој момент е само бегство од одговорите што го чекаат.

Обвинителството мора да реагира и да отвори истрага.

Дадовте заклетва дека сте во служба на граѓаните, не на оваа мафија на власт. Ќе одговарате и вие ако продолжите да ја чувате оваа банда.

Линк до видео: