Филипче: Мицкоски и Славески се одговорни што граѓаните не можат да дојдат до своите пари

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ги посочи премиерот Христијан Мицкоски и гувернерот Трајко Славески како одговорни за тоа што граѓаните чекаат пред експозитурите и банкоматите на Алта банка, а не можат да дојдат до своите пари.

„Единствено одговорноста е на гувернерот Трајко Славески и на премиерот Христијан Мицкоски за ова незадоволство, немир, паника кој што се случува кај нашите граѓани. Редовите пред банките, експозитурите на Алта банка насекаде низ државата, кога граѓаните си ги бараат своите пари, а Трајко Славески и Христијан Мицкоски не им дозволуваат да ги зема. Сега не им дозволуваат ниту Трајко, ниту Христијан да си дојдат луѓето до своите пари. Зошто? За да го зачуваат капиталот на криминалната банка. Ете тоа прават. Не им дозволуваат на луѓето, на штедачите, на пензионерите, на работниците да стигнат до своите средства поради нивните лоши одлуки.“, истакна Филипче.

Одговорноста е кај оние кои дозволија банка со сомнителен капитал да влезе во Македонија и кои го штитат криминалниот капитал во овие моменти.

„Мора да прифатат дека имаат одговорност и Христијан Мицкоски, посебно Трајко Славески за редиците пред банкоматите пред банките. Затоа што во денешно време е недозволиво луѓето да не можат да си стигнат до своите пари заради лошите одлуки, дали случајни или намерни. Тоа времето многу брзо ќе покаже“, подвлече Филипче.

Филипче го повика Славески да поднесе оставка. Одговарајќи на новинарско прашање, тој потврди дека СДСМ ја подготвува интерпелацијата за гувернерот и дека ќе ја поднесе деновиве.

Линк до видео: