Соопштение за јавност
Заради Мицкоски станавме засолниште на руско-српски капитал поврзан со криминал, корупција и шверц на дрога, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче укажа дека скандалот со Алта банка не е само прашање за финансискиот сектор, туку и за меѓународната репутација и угледот на државата.
„Ова се прашања кои што се многу важни, од кои што зависи и репутацијата на земјава, угледот на Македонија во Европа и во светот, затоа што е можно да сме станале благодарение на власта на Христијан Мицкоски, да сме сега и во непосредниот период после ова, единствено и крајно засолниште на сомнителен руско-српски капитал поврзан со криминал, со корупција, со шверц на дрога“, рече Филипче.
Тој потсети дека СДСМ цела година предупредува за сомнителниот капитал и трансакциите поврзани со Алта банка, а сега, по случувањата во Србија и притворањето на сопственикот Давор Мацура, излегуваат нови информации кои бараат одговорност од власта.
Филипче нагласи дека Мицкоски и неговата влада не можат да ја избегнат одговорноста со пропаганда и обиди за дефокусирање на јавноста.
„Мора да прифатат дека имаат одговорност и Христијан Мицкоски, посебно Трајко Славески за редиците пред банкоматите пред банките, затоа што во денешно време е недозволиво луѓето да не можат да си стигнат до своите пари заради лошите одлуки, дали случајни или намерни, тоа времето многу брзо ќе покаже, очекуваме документи да стигнат и од Србија, вака сериозно е загрозен финансискиот систем во нашата држава. Христијан мора да знае дека тоа веќе не му поминува и дека луѓето се свесни дека со ништо повеќе нема да може да дефокусира или да префрли вина на некој друг. Експлицитната одговорност за ова што се случува ја имаат тој и неговата криминална група околу него“, рече Филипче.
Тој порача дека премиерот и гувернерот ќе мора да одговараат пред надлежните институции доколку продолжат да молчат за околностите под кои Алта банка влезе на македонскиот финансиски пазар.
„Затоа што ова не е шега, никој тука нема да дозволи ние да бидеме криминално гнездо поради личните финансиски интереси на оваа банда на власт“, рече Филипче.
Линк до видео:


