Поради Мицкоски и Славески, пензионерите не можат да си ја префрлат пензијата од Алта банка

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Додека Мицкоски е на екскурзија, заедно со Славевски ги доведоа пензионерите во апсурдна ситуација. Не само што не можат да дојдат до своите пари, туку не можат ниту да се префрлат во друга банка.

Во друга банка им бараат отпис од Алта банка за да ја префрлат пензијата, а Алта банка нема отворен шалтер каде што можат да го добијат документот.

Во Битола е најавено дека ќе се отвораат шалтери за подигнување готовина за пензионерите без картички, но и натаму нема да можат да добијат отпис.

Бараме Народната банка веднаш да обезбеди решение, издавање потврди за отпис или да договори со банките постапка за префрлање на пензиите без пензионерите да го носат тој документ од шалтер на шалтер.

Владата и Народната банка да објават јасни упатства и да обезбедат навремена исплата на пензиите.

Мицкоски и Славески се одговорни што пензионерите денес мора да не можат да дојдат до своите пари.

СДСМ бара итно решение за пензионерите, оставка од гувернерот Славески, истрага од Јавното обвинителство и одговорност од Мицкоски, Славевски и од сите вмешани во скандалот Алта банка.