Христијан Мицкоски и Трајко Славески овозможија влез на Алта банка во Македонија со сомнителен капитал, а сега, откако банката е под стечај, без лиценца и под истрага за криминал, власта врши притисок врз потенцијални купувачи – една странска и една домашна банка, потенцираше портпаролката на СДСМ и членка на ИО, Богданка Кузеска на денешната прес-конференција.
Кузеска посочи и на најавите за продажба на банката на нов сопственик, оценувајќи дека со тоа се отвора прашањето дали се прави обид случајот да се заташка и да не се открие одговорноста.
„Сега тие што ги носеа штетните одлуки, што овозможија влез на Алта банка, најавуваат продажба на нов сопственик. Целта е да се заташка работата, да не се открие криминалот. Кој би сакал да земе банка со ваква репутација и банка која е под сомнеж за потеклото на капиталот? Власта врши притисок врз потенцијални купувачи, на една странска, а од пред некој ден и на една домашна банка“, рече Кузеска.
Кузеска укажа и на записникот од седницата на Владата од 23 септември 2025 година каде се отвораат дополнителни прашања за улогата на Владата во случајот со Алта банка.
„На предлог на Кочоска, Владата на Мицкоски носела заклучоци за преземање акции од страна на Алта банка АД Белград на 16 јавни институции. А Владата на Мицкоски на истиот Давор Мацура му овозможила да се стекне со поголем пакет акции на сметка на државата. Внимавајте, акции од државни претпријатија се нудени во интерес на Мацура и Алта банка. Трајко Славевски вели имало консултации, Кочоска вели немало и не била информирана. Штом зинат, лажат“, обвини Кузеска.
Кузеска дека додека функционерите си ја префрлаат одговорноста, граѓаните се соочуваат со неизвесност и проблеми со пристапот до сопствените пари.
„Сега народот пати и не може да дојде до своите пари. А овие во Владата лажат, си ја префрлаат одговорноста за да се спасат и пробуваат да го заташкаат скандалот. Денеска луѓето не можат да си дојдат до своите пари. Редици, гужви, нервозни граѓани, неизвесност“, рече Кузеска.
Кузеска потсети дека СДСМ уште пред една година предупредуваше за Алта банка, посочувајќи дека станува збор за про-режимска банка создадена од криминални кланови и перјаница на парите на Вучиќ.
„СДСМ уште пред една година предупреди за Алта банка, дека е про-режимска банка создадена од криминалните кланови и перјаница на пари на Вучиќ. Мицкоски и Славевски ја внесоа Алта банка во Македонија, со сомнителен капитал, која сега е под стечај, без лиценца и под истрага за криминал. Бараме ОЈО да не чека и да не се правда дека има време. Нема време, се касни 11 месеци. Веднаш да отвори истрага и за Мицкоски, Славевски и за Кочоска. Да се вклучи и Европското обвинителство за да се провери текот на сите пари за Алта банка. Сите вмешани во скандалот со Алта банка да одговараат“, порача Кузеска.
Линк до видеото :

