Соопштение за јавност
Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, на денешната прес-конференција порача дека вистината за Алта банка почнува да излегува на виделина, приказната се одмотува и затоа власта е во паника. Фрчкоски посочи дека и Мицкоски е свесен дека правдата доаѓа и дека затоа тој се заканува на СДСМ што ја кажува вистината. Тој постести дека Мицкоски ги презема методите на Вучиќ, кој во Србија ја напаѓаше опозицијата и студентите, обвинувајќи ги за тероризам и загрозување на уставниот поредок.
„Затоа е во паника и се обидува на ист начин да се заканува како што Вучиќ правеше со студентите и опозицијата во Србија кои ги нарекуваше терористи кои го рушат уставниот поредок. Повикувањето на членови од кривичниот законик за ширење паника во Србија доведе до апсења на опозицијата. Сега Мицкоски прави copy-paste на одлуките на Вучиќ и заканите по негов налог“, рече Фрчкоски.
На прес-конференцијата, Фрчкоски нагласи дека Вучиќ е менторот на Мицкоски и дека неговото влијание е директно, преку поставување свои соработници и застапување на туѓи политички интереси во Владата.
„Александар Вучиќ – „Оскар“, како што е препознаен како шеф на балканскиот нарко картел во Sky преписките, во Македонија прво го доведе Мицкоски на власт, а потоа самиот го презеде управувањето со државата. Донесе соработници на БИА во владата на Македонија. Да ги застапува руските интереси“, рече Фрчкоски.
Фрчкоски упати јасна порака до Мицкоски дека заканите, политичките притисоци и обидите за заплашување нема да го спасат од одговорноста.
„Шефот Вучиќ се тресе, а и ти со него. Правдата доаѓа по своето. Доаѓа тоа време, знаеш и ти самиот“, рече Фрчкоски.
Линк до видео:

