Латас и Бетмен ја бранат Вучиќевата Алта банка за која се појавија сомнежи дека печатела лажни пари

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Додека Мацура во Србија седи во притвор за изнесени близу 400 милиони евра, во Македонија Алта банка ја бранат Латас, Бетмен и други квази-експерти од ВМРО-ОКГ.

Тоа е одбрана на Вучиќевата банка. Одбрана на банкарот на Мицкоски.

Последните информации од медиумите во Србија говорат за сомнежи дека Мацура, чии пари никогаш не стигнале до трезорот, туку биле изнесени претходно од банката, дошол на идеја да печати лажни банкноти поради контрола од Народната банка. Според овие објави во медиумите, наводно во секој сноп првата и последната банкнота од 500 евра биле вистински, а сите останати биле отпечатени во приватна печатница.

Ова е банката што Мицкоски ја внесе во Македонија. Ова е банката за која Славески даде дозвола. Ова е банката во која се парите на јавните претпријатија и на граѓаните.

Славески со потписот самиот се обвини. Даде дозвола за работа на банка што служи за перење пари стекнати со криминал, корупција и дрога.

Мицкоски јавно призна дека учествувал и во случајот со банката и во случајот со осигурителната куќа.

Затоа СДСМ поднесува кривични пријави против гувернерот Трајко Славески и против сите инволвирани во внесувањето на Алта банка во Македонија.

Во Србија секој ден има апсења. Обвинителството работи. Ги вади истрагите од фиока.

Кај нас Мицкоски го копира Вучиќ и поднесува пријави против опозицијата за ширење паника. Паниката ја направија тие кога ја донесоа криминалната банка, воведоа присилна управа и им ги блокираа парите на граѓаните.

Се поставува прашањето дали 80-те милиони евра што Алта банка Битола ги има во својот извештај навистина постојат или и тие постојат само на хартија.

Вистината излегува. Бандата ќе одговара.