Мицкоски е во тотална паника за Алта банка – по модел на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Христијан Мицкоски е во тотална паника за Алта банка. Пукна скандалот, се потврди неговата улога во носењето на пералницата на Вучиќ во Македонија, заедно со Трајко Славески.

Тие ја донесоа Алта банка, тие ги загрозија парите на граѓаните, го загрозија целиот банкарски систем.

Сега во страв од одговорност Христијан Мицкоски посегнува по истиот модел на неговиот шеф, Александар Вучиќ и она што тој го правеше во Србија, сака со да ја замолчи опозицијата.

Христијан прво ја обвинуваше СДСМ за ширење хистерија, иако тој и Славески ја создадоа.

Потоа не обвинуваше за саботажа, иако тој и Славески ја саботираат и ја попречуваат правдата за Алта банка.

Потоа му нареди на Славески да поднесува кривични пријави против СДСМ.

Денеска Христијан, или малиот Вучиќ зборува за „опструкции“ и се заканува со кривично гонење на опозицијата затоа што ја кажа вистината за Алта банка и неговата врска со криминалниот картел на Вучиќ.

Донесоа Декрет во Собранието со забрана за говор на опозицијата за „економските работници“. Тепаа деца во Ново Село затоа што ја кажаа вистината за труењето на водата во Гостивар. Сега законски измени по секоја цена да се замолчи опозицијата.

Зборува за „хорор соништа“ затоа што слободен говор во јаве му пречи на Мицкоски. Не може на говорот на СДСМ да се спротивставува со аргументи. Сака да не жигосува како опасност затоа што сме единствена неконтролирана опозиција.

Затоа што СДСМ уште пред 11 месеци ја кажа вистината за Алта банка!

За „чувствата“ требаше да мисли кога ја донесе перланицата на Вучиќ во Македонија, поради што граѓаните сега не можат да дојдат до своите пари.

Мицкоски слободата на говорот и слободата на медиумите ги гледа како проблем.

Му треба контрола за народот да не ја слуша вистината туку да ги слуша само неговите лаги.

Мицкоски сака да ја гази демократијата, да ја понижува, само затоа што се плаши од одговорност.

Нашата порака до Мицкоски е јасна:

Знаеме дека се плашиш, доаѓа време на одговорност за Алта банка и за целиот криминал. СДСМ нема да ја замолчиш.

Доаѓа крај на твојата криминална банда.

Сите ќе одговарате пред граѓаните и пред независно судство.