Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ – членка на ИО
Христијан Мицкоски е во тотална паника за Алта банка.
Тој и Трајко Славески ја донесоа Алта банка во Македонија, ги загрозија парите на граѓаните, го загрозија банкарски систем.
Сега се плаши од сметките, трансакциите и вистината за Aлта банка, банката на неговиот шеф Вучиќ.
Затоа што Мацура е нивниот личен банкар.
За „чувствата“ требаше да мисли кога ја донесе перланицата на Вучиќ во Македонија, поради што граѓаните сега не можат да дојдат до своите пари.
Сега во страв од одговорност Христијан Мицкоски посегнува по истиот модел на неговиот шеф, Александар Вучиќ и она што тој го правеше во Србија, сака со да ја замолчи опозицијата.
Мицкоски прво ја обвинуваше СДСМ за ширење хистерија, иако тој и Славески ја создадоа хистеријата.
Не обвинуваше за саботажа, иако тој и Славески ја саботираат и ја попречуваат правдата за Алта банка.
Па му нареди на Славески да поднесува кривични пријави против СДСМ.
Сега Христијан Мицкоски, или малиот Вучиќ зборува за „опструкции“ и се заканува со кривично гонење на опозицијата затоа што ја кажа вистината за Алта банка и неговата врска со криминалниот картел на Вучиќ.
Ова е истиот модел на Вучиќ, закани, притисок и обид за замолчување на опозицијата.
Донесоа Декрет во Собранието со забрана за говор на опозицијата за „економските работници“.
Тепаа деца во Ново Село затоа што ја кажаа вистината за труењето на водата во Гостивар.
Сега законски измени по секоја цена да се замолчи опозицијата.
Мицкоски зборува за „хорор соништа“ затоа што слободен говор во јаве му пречи.
На вистината во говорот на СДСМ не може да се спротистави со аргументи. Сака да не жигосува како опасност затоа што сме единствена неконтролирана опозиција.
Затоа што СДСМ уште пред 11 месеци ја кажа вистината за Алта банка!
Мицкоски слободата на говорот и слободата на медиумите ги гледа како проблем.
Му треба контрола за народот да не ја слуша вистината туку да ги слуша само неговите лаги.
Мицкоски сака да ја гази демократијата, да ја понижува, само затоа што се плаши од одговорност.
Нашата порака до Мицкоски е јасна:
Знаеме дека се плашиш, доаѓа време на одговорност за Алта банка и за целиот криминал. СДСМ нема да ја замолчиш.
Доаѓа крај на твојата криминална банда.
Линк до видеото :


