Лукаревска: По кои критериуми се водеше КХВ за да дозволи преземање на Алта банка?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Прашање на пратеничката Сања Лукаревска на денешната надзорна расправа за Алта банка:

Гувернерот Трајко Славески, најповиканиот за Алта банка, во интервју за ТВ24 во декември 2025 година се повикал на одлуката на Комисијата за хартии од вредност за одобрување на понудата за преземање на Стопанска банка АД Битола.

Значи вие сте главниот филтер, КХВ е една од институциите кои беа инволвирани во постапката за преземање на банката.

КХВ е една од трите институции, заедно со Народната банка и Агенцијата за супервизија на осигурување од кои се бара да ја објават документацијата за двете преземања на Алта банка и на Алт осигурување, со датуми, имиња, хронологија на одлучувањето, мислења, согласноста, за сите што учествувале во носењето на одлуките за Алта банка. Се надевам дека ќе ги видиме докуметните ако нема што да се крие ако се законски.

Меѓутоа кога имавте седница на 10.09.2025 година, тоа е ова од вашата веб страна, КХВ на 65 седница на која претседаваше претседателката на Комисијата, Бујраре Абази, донесе решение на кое на Алта банка АД Белград Србија и се издава дозвола за давање понуда за преземање на Стопанска банка АД Битола, 100% од нејзината основна главнина.

Кога се гласало, проструи информација дека мнозинството членови на КХВ си поднеле писмени неотповикливи оставки до Собранието.

Набрзо потоа, истите тие членови „мистериозно“ гласаа за исправноста на документите и постапката по насоки на Народна банка за влез на Алта банка.

Ова се шпекулации или ќе не побиете?

Знаеме дека во 2024 година Алта Груп била правосилно санкционирана од австриската финансиска регулаторна агенција FMA, Комисијата морала да знае дека Алта Груп или Алта Банка никако не може да се стекне со статус квалификуван акционер и не смееле да дозволат влез на Алта Банка.

Моето прво прашање е по кои критериуми се водеше КХВ при одлучување за да и дозволи преземање на Алта банка?

Линк до видео: