Филипче: Мицкоски е човек што се меша во сè, судство, обвинителство, медиуми

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју за „Ноќно студио“ на 4TV, го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека се меша во работата на обвинителството и во медиумите.
Филипче ги посочи јавните настапи на премиерот од собраниската говорница и неговото интервју за Телма телевизија и направи паралела со признанието на Трајко Славески дека се консултирал со Мицкоски за Алта банка.

„Христијан Мицковски е човек што се меша во сè. Од собраниската говорница, кажува дека има контрола врз обвинителството. Кажува јавно. Кажува на собраниската говорница, кажува на медиумите во сите изјави“, рече Филипче.

Филипче се надоврза на изјавата на гувернерот дека се консултирал со Мицкоски за влезот на Алта банка во Македонија, што е уште една потврда дека тоа е точно.

Тој праша зошто на Давор Мацура му било дозволено да влезе преку Алта банка откако, според изјавата на премиерот, бил одбиен преку другата фирма, Алта Пеј.
„И тоа е вистината. И тоа е начинот на кој се спроведува концептот на ова авторитарно владеење. Тој апсолутно контролира сè.“ рече претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Линк до видео: