СДСМ до Савески: Зошто сè уште нема истрага за Алта банка?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, на денешната прес – конференција, го повика обвинителот Савески да одговори зошто сè уште нема истрага за Алта банка. Фрчкоски го отвори прашањето дали станува збор за штитење на Мицкоски, Славески и други инволвирани во Алта банка од одговорност и порача дека за скандалот со Алта банка ќе има одговорност.

„Зошто Обвинителството и Ненад Савески не преземаат ништо? Зошто нема истрага за Алта банка во Македонија? Зошто се молчи за Кривичната пријава на СДСМ? Дали на овој начин се штитат Мицкоски, Славески и други инволвирани во Алта банка од одговорност? Со чување во фиока? Затоа Христијан Мицкоски вчера побегна од одговор на прашањето од претседателот Филипче за тоа со кого го правел дилот за влезот на Алта банка.Нашата порака е јасна, нема бегање од вистината, нема бегање од одговорноста. За скандалот со Алта банка ќе има одговорност. Бандата ќе одговара“, рече Фрчкоски.

Тој потсети дека во Србија веќе има приведени и осомничени, а во Македонија сè уште нема истрага.

„Во Србија истрагата за Алта банка води кон нови приведени, нови осомничени.Освен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка, веќе во притвор е и Татјана Бундало, директорката на „Алта груп“ Белград. Се сомничи, дека заедно со Мацура извршиле кривични дела поврзани со изнесување кеш од трезорот на Алта банка од околу 17 милиони евра. Според медиумите во соседна Србија околу 370 милиони евра никогаш не влегле во трезорот, туку биле фиктивно книжени“, рече Фрчкоски.

Притоа, Фрчкоски посочи дека скандалот со влезот на Алта банка во Македонија и бизнис шемите на ВМРО со СНС се проширува, а имињата на риведените во Србија, Бундало и Мацура водат директно и до бизниси и фирми во Македонија.

„Не била само Алта банка, не било само Алта осигурување, не било само јавни претпријатија, има и други поврзани фирми и бизниси. Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објавува нови документи. Татјана Бундало, директорка на Алта груп Белград која е приведена во Србија е сопственик на фирмата „Алта Реал Естате ДООЕЛ Скопје во Македонија. Дополнително, поврзана е и со фирмата Алта груп ДООЕЛ Скопје. Видете како се ширел октоподот на бизниси, влијанија, зделки и дилови на релација ВМРО-СНС, Мицкоски-Вучиќ за само кратко време. Двајца приведени во Србија за Алта банка, двајца поврзани со бизниси и фирми во Македонија“, рече Фрчкоски.

Тој додаде дека одговорноста за влезот на Алта во Македонија е кај организирана криминална група на ВМРО.

„Јавноста веќе знае, Давор Мацура, е член на Надзорниот одбор на Алта банка АД Битола а ја кипи и ЗОИЛ Македонија за 1.7 милиони евра.Кој ги донесе во Македонија и со кого се правени бизнис дилови? Па се знае, Организирана криминална група на ВМРО.Трајко Славески јавно кажа дека за влезот на Алта банка се консултирал со Христијан Мицкоски“, рече Фрчкоски.

Линк до видео: