Доста е, СДСМ бара Гаши веднаш да свика итна седница за насилствата врз жените

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Уште една жена се бори за живот по пријавено семејно насилство. Жена од Гостивар синоќа била донесена во Клиничкиот центар во Скопје во животозагрозувачка состојба.

Доста е институционален молк и не преземање одговорност.

Пратениците на СДСМ и коалицијата поднесоа барање до претседателот на Собранието, Африм Гаши, веднаш да свика итна седница со една точка на дневен ред – постапувањето на институциите во спречувањето на насилството врз жените и семејното насилство и во заштитата на жртвите.

Доста е од институционален молк. Секоја жена што пријавува насилство мора да добие заштита веднаш. Затоа бараме пред Собранието да се одговори зошто нема одговорност, што се случува по секоја пријава, кој го проценува ризикот и кој проверува дали мерките за заштита се спроведуваат. Таму каде што имало пропусти, мора да има одговорност.

Во 2025 година се регистрирани шест фемициди, а до ноември годинава се евидентирани седум убиства на жени. Само од јануари до октомври годинава, МВР регистрирало 1.897 настани поврзани со семејно насилство. Според деветмесечниот пресек на МВР, повеќе од 80 проценти од жртвите на кривичните дела се жени.

А одговорност нема од никој. После толку жртви Панче Тошковски требаше одамна да поднесе оставка.

Бараме веднаш да се свика седницата мнозинството од ВМРО да не калкулира и да не ја опструира како што знае. Собранието мора да побара одговори од надлежните институции и да утврди конкретни мерки и рокови за навремена заштита на жените. Колку уште жени треба да бидат повредени за институциите предводени од ВМРО да ја преземат одговорноста и конечно некој да одговара?