Нов удар на Мицкоски врз граѓаните – поскапо парно за 20%, следува и поскапа струја

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција на СДСМ, Кети Штерјова

Како што рековме, секогаш кога Христијан Мицкоски ќе најави намалување следува покачување.

Од следната недела следува нов ценовен удар врз семејните буџети на граѓаните.

За дури 7,56 % поскапува парното. Ова е трето поскапување од почетокот на годината, вкупно за близу 20%.

Со новата цена, едно просечно домаќинство ќе плаќа за парно околу 460 денари

повеќе месечно, во споредба со почетокот на годината.

И ова не е последен ценовен шок. Од 1 јануари следната година поскапува и струјата.

А секое поскапување на струјата повлекува и нови повисоки цени на храна и услуги.

Додека платите на граѓаните не мрдаат. Криминалната власт нема пари за мерки, нема пари за поголеми плати, има само за криминални тендери.

Со арамијата Мицкоски животот на граѓаните е претворен во преживување – во борба за опстанок.

Цените храната веќе се до плафон. Една цела минимална плата 26.000 денари оди само за храна. Како луѓето да обезбедат 71.000 денари, за да покријат само за основните животни потреби. Ниту три минимални плати не стигнуваат.

Каде се сметки, облека, превоз, трошоци за деца, кирија.

Народот живее крпен живот. Граѓаните прават математики како да врзат крај со крај од прво до први.

Наместо конкретни мерки за помош на граѓаните, владата на Мицкоски не прави ништо. Ги оставија граѓаните сами да се справуваат со растечките трошоци и не прифати ниту еден предлог на СДСМ за воведување мерки.

Одбива мерки, одби да ја покачи минималната плата на 600 евра минимална плата.

Со Мицкоски и ВМРО граѓаните се осудени на сиромаштија, неизвесност и секојдневна борба за гол опстанок, додека функционерите на власта уживаат во луксуз.

Ова не е економска политика, ниту трета економија од бајките на Мицкоски, ова е свесна политика на осиромашување на народот за богатење на неколкумина од врвот на власта!

Линк до видео: