Со СДСМ работниците во културата добија колективен договор, со ВМРО-ОКГ тој е укинат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Со СДСМ работниците во културата добија Колективен договор кој ги унапреди нивните работнички права, кои сега ВМРО-ОКГ ги доведе во прашање откако Уставниот суд го укина Колективниот договор за култура, со што на удар се работничките права на над 2.000 вработени, рече Наташа Поповиќ, членка на ИО на СДСМ.
„Ова е преседан, за прв пат во Македонија се случува Уставен суд да укине Колективен договор. Погребана е правдата и правната сигурност. Правда нема, има контролирано судство кое носи одлуки под диктат на власта“, рече Поповиќ.
Таа посочи дека ударот врз работниците во културата започна уште со доаѓањето на ВМРО-ОКГ на власт, кога Колективниот договор не се почитуваше, а беше сменет и начинот на пресметка на платите.

„Не се почитуваше Колективниот договор, го сменија начинот на пресметка на платите. Вработените беа приморани да поднесат тужби и правдата да ја бараат на суд. Сега и тоа право им е одземено. Во меѓувреме, Зоран Љутков беше награден откако беше разрешен, со позиција национален координатор за култура и плата од над 100.000 денари а над 2.000 вработени беа извисени“, рече Поповиќ.
Поповиќ предупреди дека политичката одлука на Уставниот суд отвора врата за укинување и на други колективни договори, а одложеното дејство на одлуката не нуди вистинско решение за вработените.

„Политичката одлука на Уставниот суд отвора врата да се укинуваат и други колективни договори. Одлуката за некакво одложено дејство е само маска. Во реалноста, пари во Буџетот за 2027 година нема за да ги следи обврските од Колективниот договор. Очигледно власта однапред ја знаеше одлуката на Уставниот суд па не предвидела пари.
Сега нема да се знае како ќе се пресмета следната плата на вработените. Ќе следуваат нови произволни пресметки, притисоци врз вработените и дополнително кратење на нивните права“, истакна Поповиќ.
Колективниот договор за култура беше резултат на синдикална борба, преговори и социјален дијалог и беше склучен во време на владата на СДСМ.
„Тоа е разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ОКГ. Не сме исти. СДСМ е на страна на работниците и ги подобрува работничките права, ги покачува платите и стандардот а ВМРО ги укинува. Ги поддржуваме работниците и нивната борба за своите права, за достоинствени плати“, потенцираше Поповиќ.

Линк до видео: