Соопштение за јавност
Јавноста деновиве е сведок на празната кампања која ја спроведува ВМРО-ДПМНЕ и обид повторно и повторно да ја занимаваат јавноста со празни реторики и измислени националистички теми и вештачки поделби меѓу граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ не нуди ништо за граѓаните, за државата, иднината, нуди само лажни вести, деструкција и лажен патриотизам. Затоа нивни носители бегаат од дебати и соочувања, како што Игор Дурловски побегна од соочување со заменик претседателката Радмила Шекеринска.
По примерот на бегалецот во Будимпешта, Никола Груевски, Дурловски бега од јавни дебати, не си ја знае ниту програмата и нуди само политикантство и лажен патриотизам.
Да се појавеше на дебата, Дурловски ќе имаше можност јавно да одговори на неколку прашања кои со право се поставуваат во јавноста:
1. Со кои пари купи државно земјиште?
2. Дали не му е срам да ги остави во затвор своите другари со кои влезе да убива пратеници, а тој да дели 200.000 евра од Будимпешта?
3. Која е неговата програма и што им нуди на граѓаните освен нацио-романтизам и песна?
4. Дали ја научи програмата во изборната единица каде е носител и до кога ќе бега од дебати и соочувања?
Дурловски да одговори на овие прашања, а ако стравува од камери, може тоа да го стори и писмено.