fbpx

Шекеринска: На тиранијата на владеењето на ДПМНЕ им беше ставено крај по цена на нашите животи

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Јас, како пратеник во нашето Собрание гласав Талат Џафери да биде претседател на Собранието, не заради тоа што е Албанец, туку заради тоа што сметавме дека е дојдено време за промени во Собранието.

И јас, и моите колеги можеше да го изгубиме животот за тоа што го дадовме гласот. Но велам, тие колеги беа и Македонци, и Албанци, и Турци, и Роми, и средби, и Власи и Бошњаци сите можевме да бидеме жртва, но не верувавме дека даваме глас за Албанец, туку за човек со име и презиме. Граѓаните очекуваат на овие избори да дадат доверба на луѓе со име и презиме кои ќе ги решаваат нивните проблеми.

Бидејќи кога ќе чукнат на вратите на Инфективна не прашуваат дали ќе ги лечи Милена или ќе ги лечи Имер, туку сакаат да ја добијат најдобрата здравствена заштита.

Ако тоа го правиме за доктори, тоа уште повеќе треба да го правиме за прашањето кој ќе биде премиер. И од тој аспект јас би ви сугерирала на сите колеги малку повеќе да се сконцетрираме на граѓаните, а малку помалку на партиските теми и партиските препукувања.

Последни вести