Соопштение за јавност
Ова е многу важно прашање, не е само важно прашање Охрид и Струга, не само важно прашање за 5-ка, за цела држава е важно прашање, и мислам дека не треба да се криеме зад точките и запирките во законите. Проблемот со статусот на УНЕСКО на охридското езеро и на целиот регион особено стана видлив од моментот кога една Влада дозволи Субрата Рои да се шета низ државата како спасител и да пропагира дека од Охрид ќе направиме Лас Вегас.
Ниту стана Лас Вегас се испостави дека парите и не постојат што може да и го спаси Охрид и неговиот статус. Но, од тој момент мониторингот стана многу посилен и уште во април 2017-та година незабележано помина во јавноста.