Почитувани земјоделци,
Вие подобро од сите знаете дека преку ноќ нема ништо. Колку само внимание, посветеност и грижа треба за секое зрно семе да роди здрав плод.
Колку само труд треба за стеблото да се врати во живот откако истото заболело.
Нашето стебло драги луѓе болуваше 11 години. Многу чекори наназад отидовме. За среќа, се потевме и работевме како најпосветените, и за само две и пол години направивме многу.
Далеку од тоа дека направивме се! Но, ме знаете многу добро драги земјоделци, знаете дека мојот збор вреди кога ќе ви кажам дека ќе направиме уште повеќе и уште подобро.
Но, ве молам да не заборавиме и за постигнатото во ова кратко време.
Ги зголемивме субвенциите, исплатата се одвива редовно, навремено и неселективно, нема веќе лажни и партиски земјоделци, нема веќе привилегирани.
За толку кратко време, овозможивме директна и индиректна поддршка во земјоделството во историски рекорден износ од над 430 милиони евра, а продолжуваме во идниот мандат со поддршка од 200 милиони евра годишно.
Станавме лидер во искористеност на ИПАРД фондовите драги пријатели!
Ја воведовме зелената нафта, 200 милиони денари завршија назад кај 55.000 земјоделци.
Сега покриваме 50 проценти, а во наредниот мандат ќе ја покриваме целосно.100 проценти! Зелената нафта ќе биде целосно бесплатна.
Поддршката за млад земјоделец ја зголемивме од 10.000 евра на 20.000 евра;
Знам што ви треба! Ве разбирам во целост. Не само што работев со вас, туку доаѓам и од работничко семејство кое многу добро знае што е да заработуваш со пот. Тоа треба да се вреднува!
Градиме три нови откупно дистрибутивни пунктови во Ресен, Скопје и Струмица, за сигурен пласман и поконкурентно производство.
Продолжува и поддршката кон младите земјоделци, кон жените земјоделки.
Ја субвенционираме платата по 3.000 денари на нововработен работник во земјоделско стопанство помлад од 25 години.
Почитувани пријатели,
Не дозволувајте да си поигруваат со вашите чувства. Не ви нудат ништо, само пропаганда. Нема никакви конкретни планови, бројки, концепти.
Ова што ви го зборувам пријатели од земјоделството не е пропаганда. Сето ова е тоа што сме го направиле досега. И се што ќе направиме отсега. Ме знае истокот многу добро, не давам збор јас залудно!
Ви го згазија достоинството, зар сакате да ги вратите сега?
Нашето стебло беше заболено, но го излекувавме. Отворивме фондови и патишта кои никогаш не ни биле отворени за нас. Се разбира, поради членството во НАТО и преговорите со ЕУ.
Тоа веќе ДПМНЕ не ви го ветува. Влеговме во НАТО, ќе влеземе во ЕУ. Ако ги гласате нив не само што од НАТО и ЕУ ќе се откажете, туку ќе вратите несигурност и страв од кој едвај се спасивме.
Затоа на 15 јули изборот за земјоделците е јасен и едноставен.
Ќе изберат повисоки субвенции, сигурен пласман и повеќе пари во своите домови. Нема да дозволат да се обнови газењето врз нивното достоинство и труд.
Ви благодарам.