fbpx

Лукаревска на трибина со жени во општина Ѓорче Петров: Принципот 50/50 што го промовираме во сите сфери на општеството значи еднакви права за жените и мажите, еднакви плати за жените и мажите, еднакви обврски за жените и мажите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

На овие избори Социјалдемократскиот сојуз оди со родово избалансирани листи, а ќе обезбедиме и 40% застапеност на жени на сите извршни функции кои се именуваат од страна на Владата. Принципот 50/50 што го промовираме во сите сфери на општеството значи еднакви права за жените и мажите, еднакви плати за жените и мажите, еднакви обврски за жените и мажите, рече Лукаревска.

-Во програмата нудиме стратегии за директна поддршка на женското претприемништво, како и на младинското претприемништво преку грантови во висина од 5.000 до 15.000 евра за почеток на сопствен и нов бизнис. Заедно со другите мерки за обуки, усовршување и доквалификација, ќе ги поттикнеме жените да земат активно учество во економските текови на државата. Жени работнички со навршени 60 години старост да работат 6 часа (ја задржуваат целата плата) до пензија.

Лукаревска потсети дека во изминатите три години е донесен нов закон за прекин на бременоста, усогласен со европските стандарди, со кој ѝ е вратено правото на жената да одлучува за сопственото тело и за сопственото здравје.

“Веруваме во општество кое дава еднакви шанси на сите граѓани. Градиме општество во кое секој граѓанин, без разлика на полот, има еднаков пристап до ресурсите и нивната праведна распределба, рече на трибината носителката на изборна листа во ИЕ2, Сања Лукаревска.

Последни вести