Водејќи се од принципите на инклузивност и еднаквост, СДСМ и Коалицијата „Можеме“ шесте клучни столба од Програмата ги објавија на знаковен јазик.
На овој начин, најважните, клучните ветувања и заложби на СДСМ и коалицијата „Можеме“ сега се достапни и за лицата со оштетен слух и за лицата со оштетен вид.
СДСМ како и досега останува посветена на градење систем кој пружа и нуди еднакви можности за сите.
Во прилог ви испраќаме видео линк од Програмата на знаковен јазик.