fbpx

Обезбедивме праведна држава, време е за правна држава, за ред и дисциплина во сите институции

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Јагода Шахпаска, носителка во ИЕ 3

Почитувани,

Задоволство ми е што денеска можам да ви се обратам од Градско, местото препознатливо по познатиот локалитет Стоби, некогашниот град со мошне значајна стратегиска, воена и трговска позиција во минатото.

Градско е сведок за постоењето на богатата историја на македонскиот културен живот, традиција и мошне развиена трговија уште во тоа време.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија изминативе три години покажа дека сите градови и населени места во државата се важни.

Покажа и што значи вистинска грижа за сите граѓани подеднакво, а особено за најранливите категории на граѓани, преку носење на вистински и исправни политики и мерки .

За неполни три години, ја зголемивме социјалната помош за 300 отсто и неколкукратно го зголемивме опфатот на корисници, воведовме детски и образовен додаток за поефикасна борба против детската сиромаштија.

Ја зголемивме минималната плата од 9.000 на 14.500 денари, со тенденција во следниот мандат да достигне 20.000 денари. Го решивме статусот на 12.000 стечајни работници. Денес тие добиваат по 8.000 денари месечно до нивно пензионирање.

И во време на светска пандемија предизвикана од корона вирусот, обезбедуваме институционална и солидарна помош за сите погодени од кризата.

Почитувани,

Направивме пресврт и јасна разлика. Од општество под режим во кое ВМРО-ДПМНЕ газеше врз достоинството на луѓето, станавме социјално општество во кое се води грижа за секој поединец и сите уживаат еднакви права.

Драги мои сограѓани, после сите промени кои ги направивме изминативе години, време е за ред, правда и дисциплина.

Нема веќе одложување, време е да изградиме праведна држава со прочистување на правосудството од корумпираните судии и обвинители.

Не смее повеќе да има судии кои застаруваат предмети во спротивно ќе бидат разрешени по автоматизам. Започнува детална проверка на имотната состојба на сите судии и обвинители и темелна ревизија на 5% од сите судски пресуди во последните 5 години, по случаен избор.

Време е за ред и дисциплина во сите институции!

Воведуваме законска обврска за јавна објава на сите службени трошоци на сите функционери во извршната, локалната и судската власт, а за оние раководители кај кои е утврдено нечесно работење ќе следуваат санкции.

Администрацијата мора да им служи на граѓаните и затоа, дополнително ја професионализираме и ја намалуваме за 20%.

Системот на патни трошоци покажа можност за злоупотреби и сериозно ја намали довербата на граѓаните во своите претставници.

Затоа, ги укинуваме патните трошоци за пратениците во Собранието.

Додека СДСМ нуди грижа за сите, ВМРО-ДПМНЕ нуди погазување на достоинството на граѓаните. Додека СДСМ нуди професионални институции во служба на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ нуди партизирана администрација во служба на лични и партиски интереси.

Затоа, на 15 јули граѓаните ќе изберат да живеат во праведна држава,ќе изберат неселективна правда, наместо ново Сваровски судство.

Сите заедно МОЖЕМЕ и повеќе и подобро!

Последни вести