fbpx

Лукаревска со граѓаните на Куманово: Битката со ковид 19 не е само здравствен предизвик, обезбедуваме директна помош од најмалку 550 милиони евра со директни трансфери кон граѓаните и корпоративниот сектор

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Уште на почетокот на ковид кризата, веднаш одговоривме со директни мерки и спроведуваме директна помош од најмалку 550 милиони евра, директни трансфери кон граѓаните и корпоративниот сектор. Битката со Ковид 19 не е само здравствен предизвик, рече Лукаревска на средбата со граѓаните во Куманово.

– Обезбедено е право на паричен надоместок во висина од 50% од месечна нето плата на работникот исплатена за последниот месец, но не повеќе од 80% од просечната месечна нето плата по работник, за граѓаните кои што изгубиле работа поради здравствената криза. Домакинставата кои користат гарантирана минимална помош од 4000 до 10 000 денари зависно од број на членови во домакинство, ќе остваруваат и паричен додаток од 1000 денари заради покривање на дел од трошоците за енергенси. Мерките ги креиравме за да дадат финансиска поддршка на работодавачите за исплата на плати на работниците и да овозможат континуитет на работните процеси, но веднаш реагиравме и со конкретни мерки за оние граѓани кои се најдоа во најтешка ситуација поради губење на работното место.

-Грижата за секој граѓанин е системска и губењето на работното место не дозволуваме да заврши во сиромаштија. Невработените лица имаат право на материјално обезбедување и тоа можат да го остварат на брз и едноставен начин, рече Лукаревска на средбата со граѓани во Куманово.

Последни вести