Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ во својата програма нуди минимална плата од 60% од медијалната плата, што изнесува 13.000 денари, а тоа значи намалување на сегашната минимална плата од 14.500 денари, која СДСМ ја зголеми за 60% за само 2,5 години, истакна носителката на листата на коалицијата „Можеме“ во првата изборна единица, потпретседателката на СДСМ Мила Царовска, во гостувањето во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.
Таа додаде дека СДСМ изминатите години им помагаше и на комапниите и на работниците.
Зголемувањето на минимална плата за 60% на 14.500 денари директно влијае на квалитетот на живот на најсиромашните, 90.000 работници од трудоинтензивните сектори добија повисока плата, истакна Царовска.
За 5.000 денари порасна просечна плата, стандардот расте, а истовремено ги поддржавме и комапниите за да бидат одржливи, истакна Царовска.
Таа додаде дека сега 120,000 илјади лица добиваат социјална помош повисока за 300%, како и детски и образовен додаток, за 2,5 години ја намаливме невработеноста на историски ниска стапка, младинската невработеност падна за 13% и сето тоа го направивме, а наследивме економија во минус 1,8 отсто и ја издигнавме на 3,6 отсто, потенцираше Царовска.
Бројките не може да се демантираат на ниту еден начин, порача носителката на листата на коалицијата „Можеме“ во првата изборна единица, потпретседателката на СДСМ Мила Царовска.