fbpx

Вложуваме, градиме и се грижиме за младите, изградивме ново училиште во Батинци

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Елвира Мекиќ -Омеровиќ, советничка на СДСМ во општина Студеничани

 

 

 

 

 

Почитувани граѓани,

Грижата за децата е грижа за нашата иднина, иднината на сегашните и идни генерации.

Затоа секој влог во младината е влог за подобро утре, влог за младина со визија

Токму во тој правец е изградбата на целосно новото основно училиште во општина Студеничани во населба Батинци (Љубош).

Владата предводена од СДСМ обезбеди средства за реализација на овој проект во нашата општина кој е од исклучително значење за нашите сограѓани од околните населени места.

Ова училиште ќе биде опремено по најсовремени стандарди со 8 општи кабинети, под целосен видео надзор, голема аула за одржување на приредби и манифестации. Училиштето е обложено со со термичко изолациона фасада и соптвено парно греење, како и сопствен паркинг плац.

Капацитетот на ова училиште е за 250 ученици во една дневна смена и целосната инвестиција е вредна 60 милиони денари.

Почитувани,

Вложуваме, градиме, се грижиме. Дури и во време на оваа криза со глобалната пандемија на КОВИД-19 инвестициите во инфраструктурата продолжуваат.

Нема да запреме тука, вложувањето во училишта, затоа што секое дете заслужува шанса за правилен образовно -воспитен развој.

ЗНАЕМЕ ДЕКА МОЖЕМЕ!

УШТЕ ПОВЕЌЕ, УШТЕ ПОДОБРО!

Последни вести