fbpx

Грижата продолжува уште повеќе, потпишавме заедничка Изјава со коалицијата на невладините организации на родителите на деца со попреченост

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Спасе Додевски, член на Комисија за труд и социјална политика на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Изминативе денови, голем број граѓани и невладини организации на лица со попреченост како и родители на деца со попреченост, покажаа интерес да оствариме средби во правец на нивно информирање за сите мерки кои ќе ги презеде новата влада на СДСМ, за унапредување на животот и развојот на лицата со попреченост и нивните семејства.

На ваквите средби тие ја искористија можноста за нивни сугестии и барања од нивна страна, за сето она што би требало во новиот мандат на СДСМ да се презеде, а е од посебно значење за нивна социјална инклузија.

Социјалдемократскиот сојуз поради ваквиот покажан интерес за соработка и сугестии од страна на нeвладините организации и поединци со попреченост, изразува исклучително задоволство и чест бидејќи истото се должи исклучиво на довербата од страна на лицата со попреченост и невладините организации, стекната преку искрената досегашна соработка, партнерство во процесот на взаемно реализирање на прогресивните инклузивно политики на владата на СДСМ и г. Зоран Заев. Ваквата доверба за нас значи потврда дека она што сме го планирале и ветиле, во тесна соработка со овие наши граѓани и невладини организации, навистина го остваруваме.

Денешниов настан, поради кој сме денес тука е чин на потпишување на заедничка изјава со која СДСМ се обврзува, во новиот мандат да ги реализира барањата понудени од страна на коалицијата на невладините организации на родителите на деца со попреченост, а кои воедно претставуваат досегашни потешкотии и проблеми за редовно социјално функционирање на овие семејства.

Се обврзуваме во новиот мандат:

-во 2 етапи (2 пати по 15%) да го зголемиме посебниот додаток за деца со попреченост(за самохран родител со дете со попреченост, и за необезбедени родители корисници на гарантирана минимална помош)

-ангажманот на личните асистенти и асистентите во домот да бидат договорно регулирани, со регулирање на придонесите и плата не помала од минималната.

-доследна примена на Законот за основно образование преку редовно обезбедување на образовни асистенти.

-родителите на лицата со телесна и интелектуална попреченост, кои се грижат за своите деца а поради тоа не оствариле право на пензија, по навршување 57 годишна возраст да стекнат право на пензија, без разлика дали другиот родител го има остварено ова право.

-бесплатна здравствена заштита за лицата со попреченост и после навршувањето на 26 годишна возраст и бесплатно бањско лекување со придружник, без старосно ограничување.

-отварање на дневни центри во секоја општина, 3 регионални терапевтски центри, и неколку мали групни домови за згрижување на децата после смртта на родителите.

-измени во Правилникот за остварување право на ортопедски помагала, набавка на електронски софтвер за гласовно читање и обуки за браево читање за слепите лица.

-преку измени и дополнување на Законот за работни односи, Законот за јавна администрација и Законот за административни службеници, да се даде приоритет на вработување на лицата со попреченост и нивните родители согласно образованието.

-примањето на посебен додаток да биде до 18 годишна возраст а потоа да премине во додаток за попреченост, да важи за сите категории на попреченост со висина во зависност од тежината на попреченоста.

-додатокот за помош и нега од трето лице да се дава со навршување 14 години и да важи за сите најтешки форми на попреченост.

-да се поттикне дебата и преиспитување на процесот последиците од одземањето на деловната способност на лицата со попреченост, за да се оневозможи целосно социјално и работно исклучување на овие лица, како и намалување на судската такса при оваа постапка на минимален износ.

Почитувани, во изминативе 3 години владата на СДСМ и г. Зоран Заев, покажа дека во фокусот на сите политики е лицето и детето со попреченост, но истовремено и семејството на лицата со попреченост согласно Конвенцијата на ООН, значи природна и основна групна единица на општеството и има право на заштита од страна на општеството и државата, и дека лицата со попреченост и членовите на нивните семејства треба да ја добиваат неопходната заштита и помош за да им се овозможи на семејствата да придонесуваат за целосно и еднакво уживање на правата на лицата со попреченост.

Оттука, во пресрет на 15 јули, денот на големата победа на СДСМ, порачуваме дека како и досега и во следниот мандат владата на СДСМ и г. Зоран Заев ќе биде исклучително кооперативна и отворена за соработка со лицата со попреченост и нивните семејства.

Ги повикувам сите лица со попреченост, нивните семејства и сите невладини организации, на 15 јули да излезат на гласање, и да го дадат својот глас за продолжување на веќе започнатите процеси и искрена соработка во правец на унапредување на еднаквоста и социјалната инклузија на лицата со попреченост.

Последни вести