Соопштение за јавност
„Ја имаме оваа здравствена и економска криза која ќе трае. Се виде во минатото колку е важно да имаме функционални институции. Собрание кое ќе носи одлуки, ќе менува закони, ќе има контролна улога. Многу е важно граѓаните да ја преземат и судбината и одговорноста во свои раце за Владата која во следните 4 години ќе се справува со кризата. Не можеме постојано да функционираме во вонредна состојба. Протоколите се направени, заштитните средства се обезбедени од државата. Денеска во ДИК е направена и симулација како ќе изгледа гласањето, тоа се сосема безбедно по здравјето и животот на граѓаните. Ништо не е побезбедно да одите во продавница, банка, пошта, автобус.
Ги повикувам сите граѓани да излезат и да гласаат, да си носиме заштитна опрема и да и помогнеме на државата со тоа што ќе гласаме“, рече Спасовски во Само вистина.