fbpx

Заев од Прилеп: Сметајте на државата, таа им се најде на граѓаните кога помошта им беше најпотребна

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Одговарајќи на прашање од граѓанин на трибина во Прилеп за предизвиците предизвикани од корона кризата, претседателот Заев наведе дел од помошта за граѓаните и фирмите во општина Прилеп.

„Денес во Северна Македонија 26.636 домаќинства користат гарантиран минимален приход во просек повисок за 300%. Во Прилеп, 1,390 лица го користат овој приход секој месец. На 1,053 фирми, или на 6,566 вработени им беа субвенционирани платите и придонесите само во општина Прилеп. Тоа е 93 милиони денари помош на стопанството во општината до овој момент. Прилепчани добија 15,480 платежни картички до овој момент. Но не застануваме тука, следува дополнителен пакет за помош на стопанството.

Сметајте на вашата земја. Таа е тука да се најде на своите граѓани. Создаваме земја која може да му служи на својот народ“, заклучи Заев.

Последни вести