fbpx

Шахпаска на ТВ Телма: Граѓаните да не подржуваат враќање на режимот, Влада која ги крадеше нивните пари, но им порачувам на ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат кон успешните политики на СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

-Ние ја отвораме европската перспектива за нашите граѓани, да останат во својата земја. Младите тука да основаат семејства и да ја градат својата кариера. Сето тоа го правиме преку сет на мерки кои и сега функционираат. Како самовработување, давање на грантови кои наместо од 5-10 илјади евра сега ќе изнесуваат до 15 илјади евра, организирање на бесплатни курсеви, преку грантови за младите земјоделци да останат во државата, преку укинување на персоналниот данок до 2023 година, за младите во ИТ секторот, парична помош од 3000 денари за млади вработени во приватен сектор, мерка која и сега функционира.-посочи Јагода Шахпаска, носителка на листа на ИЕ 3 од СДСМ и коалицијата МОЖЕМЕ, на гостувањето во ТВ Телма .

-Токму мерките кои беа реализирани изминативе три години доведоа до намалување на невработеноста кај младите од 53% на 35%,го вративме достоинството на младите и вербата во системот, почнувајќи од фелата од која ја доаѓам, вложивме во младите специјализанти, да останат во државата и тука да работат. Потврда за успешност на политиките се и враќањето на младите доктори од приватното во јавното здравство.-истакна Шахпаска.

Таа сосема на крајот посочи дека нема што да се прифати од политиките кои ВМРО-ДПМНЕ во 11 годишното владеење ги протажираше, на прашањето што би прифателе или поддржале од заложбите на кандидатот кој го сметате за свој најголем противник.

-Им порачувам на граѓаните да не подржуваат враќање на режимот, Влада која ги крадеше парите од граѓаните, но им порачувам на опозиционерите пред се ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат кон успешните политики на СДСМ кои ги реализираше изминатиот период . За овој пораст на платите, на инвестиции, на градење нова развојна економија, на носење на европските вредности овде во државата, подобар животен стандард за сите граѓани.-посочи Шахпаска.

-Немаа доблест да се израдуваат за влегувањето во НАТО, но ги повикувам заедно да го изодиме патот на отворањето на поглавјата за влез во Европската унија.-порача Шахпаска.

Последни вести