fbpx

Шахпаска: НАТО е реализирана стратешка цел, следната е ЕУ, со признат и загарантиран македонски идентитет и македонски јазик, излези и гласај за важни одлуки!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Јагода Шахпаска, носителка на листата во ИЕ 3

Почитувани граѓани,

За само три години СДСМ ги оствари стратешките цели на државата.

Станавме 30 земја членка на НАТО, насилниот и најважен воено-безбедносен сојуз во светот, еднакви и рамноправни, рамо до рамо со најмоќните земји во светот.

Ги срушивме бариерите и наскоро започнуваме со отворање на првите поглавја и преговори за евроинтеграција на земјава.

Денес, како членка на НАТО, имаме трајно обезбедени државни граници, а нашата национална безбедност и сигурност никогаш не биле на повисоко ниво.

Истовремено, целосно го заштитивме идентитетот и ги зачувавме државните и национални интереси.

Македонскиот јазик, македонскиот идентитет, македонската посебност, се признаени од ЕУ, од НАТО, од целиот свет.

Потврда за сето ова е Преговорачката рамка каде што јасно е наведено дека јазикот на кој треба да се преведе европското законодавство е македонски јазик.

Македонски јазик е јазикот наведен во нашата лична карта во ООН, македонски јазик е јазикот на кој ја водиме меѓународната комуникација.

Лагите на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски за наводно губење на идентитетот и оспорување на нашиот, македонски јазик, паднаа во вода.

Покажавме дека можеме и успеавме да ги зачуваме идентитетот и посебноста и да ги отвориме вратите на ЕУ и НАТО.

Членството во НАТО е влезна карта за ЕУ. Подготвени сме, знаеме и можеме до 2024 да отвориме 80% од поглавјата за интеграција во ЕУ, а за 6 години да го затвориме преговарачкиот процес.

Обезбедуваме 2,5 милијарди евра од европските фондови занашата држава. Тоа се повеќе пари за справување со корона кризата, за новата македонска економија, за зелена агенда, енергија, конкурентност, капитални инвестиции, земјоделство, канализации, патишта, водовод. Европски пари за европски стандарди дома.

Затоа, изборот и понудата на 15 јули се јасни:

Од едната страна е членството во НАТО, од другата страна е белата барокна палатa.

Од едната страна се Брисел и преговорите со ЕУ, од другата страна се Хунзите, Белизе и Субрата Роj.

Затоа, многу е важно да се излезе и да се гласа. Зошто се носи голема одлука!

Сите ние одлучуваме дали ќе одиме напред или ќе се враќаме назад!

На 15 јули гласајте за СДСМ и ќе изберете СИГУРНОСТ!

Ќе изберете продолжување на патот кон ЕУ и НАТО!

Глас за ВМРО- ДПМНЕ е глас за враќање на изолацијата и обнова на режимот.

Со гласот за ВМРО-ДПМНЕ избирате ОПАСНОСТ!

На 15 јули, излезете и гласајте безбедно, почитувајќи ги сите протоколи за заштита на здравјето!

Последни вести