fbpx

Заев за Алсат: Само со глас за СДСМ и Коалицијата „Можеме“ сигурен е патот кон ЕУ, сигурен е концептот Едно општество

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

СДСМ го има најголемиот коалиционен капацитет, затоа што ние сме револуционерите на концептот едно општество за сите, по 15-ти јули работите ќе бидат поинакви за сите, еднаквоста е да се почитува сограѓанинот секогаш, во секој аспект и затоа ние работиме во сите средини во државата подеднакво,” истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев во интервјуто на националната Алсат-М телевизија.

„Посебно се обраќам на нашите сограѓани Албанци, кои што ни давале поддршка досега. Единствено давајќи поддршка нам, само тогаш е сигурен нашиот евро-атлантски пат и нашето едно општество за сите. Сите други опции се опасност за заедничкиот живот. Нашето парламентарно мнозинство ќе биде најмултиетничко, најшаренолико. Ќе работиме заедно. За еднакви права. За рамномерен регионален развој. Без национализам. Сите се важни, сите се еднакви. Во новата Влада на СДСМ ќе има министри Албанци и преку нашата коалиција и преку потенцијалните коалициони партнери. Тоа е нормално. Тоа е здраво”, укажа претседателот Заев

Последни вести